Search

Градиме по план, интензивна реконструкција на оштетените булевари и улици во Град Скопје за безбеден и сигурен сообраќај

Градската администрација предводена од СДСМ во изминатиот период реализација низа проекти за реконструкција и рехабилитација на клучни сообраќајници со цел развој и  унапредување на инфраструктурата во главниот град.

За само 20 дена работа на терен,  заврши реконструкцијата на улицата Љубљанска, во општина Карпош, којашто е една од најфреквентните улици во овој дел на градот. При тоа, беа реконструирани  вкупно 441 метар, а во следната фаза предводена е реконструкција на  тротоарите долж улицата и ново зеленило во околината.

Претходно, за рекордно време, за помалку од 2 недели, заврши и реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка” до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски. При тоа се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и се постави нов асфалт во три слоја. Реконструкцијата се изврши на потег во должина од 240 метри, односно на површина од 3.750 квадратни метри.

Истовремено интезивно се работи на реконструкција на булеварот „Партизански одреди”, каде што за само три дена од почетокот на реконструкцијата целосно е отстранет оштетениот и стар асфалт од коловозот на потегот од мостот „Обединети нации” до крстосницата со улицата „Лондонска” и интензивно се работи на асфалтирање.

Градежните активности на терен  продолжуваат  со ист интензитет со цел реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница да биде завршена во најбрз можен рок.

Во текот на претстојното лето град Скопје најави  реконструкција на уште  улици и булевари што се во нивна надлежност , вклучително и пробивањето на три булевари кои претходно не постоеле.

Градската власт предводена од СДСМ низ конкретни примери покажува што значи грижа за главниот град и постојано работи на унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани во градот Скопје.

 

Со почит,

 

Треба да знаете
Последни објави