Search

Го фатиле со украден автомобил, па нападнал полицајци

Скопјанец украл џип вчера во центарот на Скопје, но бил фатен во Маџари, по што ги нападнал и полицјците, информираше МВР.

-На 21.07.2019 полициски службеници го привеле О.А. (29) од  Скопје поради извршена кражба на возило. Веднаш по добиена пријава од Е.К. Г. (33) дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од улиците Жан Жорес и Благоја Стефковски, а О.А. е приведен, велат од МВР.

При приведувањето осомничениот физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави