Search

„Го сакам Водно“ најавија од утре жив ѕид за одбрана на Водно

„Го сакам Водно“ најавија од утре жив ѕид за одбрана на Водно

Активистите од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ најавија дека од утре ќе почнат со претходно најавената активност односно жив ѕид за одбрана на Водно. Од таму покануваат сите доброволци да се пријават преку нивната Фејсбук страница.

„Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела. Стоп за непромислени и лоши проекти! Се гледаме пред багери!“, порачаа тие.

Минатата недела на прес-конференција пред Владата активистите порачаа дека се за гасовод во Скопје, но не на Водно. Тие рекоа дека е лага е информацијата од Владата дека трасата е скратена и велат дека за изградба на гасоводот ќе се исече шума со површина како булеварот „Партизански одреди“ од Центар до Влае.

„Не е точно дека теренот ќе се врати во првобитна состојба затоа што мора да остане гол за пристап на возила. Не е точно и дека загадувањето во Скопје ќе се намали со изградбата на гасоводот“, изјави Андреа Јанков. Активистите од пред Владата побараа нова студија за влијанието на гасоводот врз животната средина.

Треба да знаете
Последни објави