Search

Гоца Тржан се присети на Тоше Проески и нивната заедничка песна “1200 милји“

Популарната српска поп пејачка Гоца Тржан проговори деновиве за смртта на Тоше Проески, со кого го има снимено хитот „1200 милји“ пред повеќе од две децении. Гоца со многу тага во гласот се присети на моментот кога дознала за трагичната сообраќајка. – Само што се породив со малата Лена. Пријателката од Загреб ми се јавува и плаче.

Ме прашува: „Дали е вистина дека Тоше почина?“ Јас на тоа нервозно ѝ одбрусив: „Не треси глупости, како тоа мислиш дека почина?!“. Ми вели дека е вистина, дека го видела видеото како го извлекуваат мртвиот Тоше во близина на Градишка под камионот. Се здрвив од ладна пот.

И сега ми е тешко. За жал, тогаш не можев да одам на неговиот погреб поради малото бебе. Тоа беше преголем стрес за мене. Истиот ден отидов во Македонската амбасада во Белград да се потпишам во книгата на жалоста.

После некоја година кога работно дојдов да пеам во Прилеп, спиев во неговиот роден град Крушево. Потоа отидов во Музејот и на неговиот гроб. Тогаш не знам колку кнедли ми застанаа во грлото. Некако се збогувавме ние двајцата… Беше голема привилегија кога ја испеав „1200 милји“ со него. Луѓето кои се толку сакани никогаш не умираат ниту тој почина, раскажа Гоца.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави