Search

Голем пожар во хемиска фабрика во Турција

Голем пожар избувна во хемиска фабрика во индустриската зона Тузла во Истанбул, објавија турските медиуми.

Засега нема информации за повредени лица, а причината за пожарот не е позната.

Медиумите објавија снимки на кои се гледаат огромни столбови густ чад.

На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи, кои се обидуваат да го изгаснат огнот од три страни, но засега тој не може да биде ставен под контрола.

Треба да знаете
Последни објави