Search

Голема поддршка за С. Македонија и осуда на Франција во ЕП, крајната десница го подржува Макрон

Остри осуди на француското вето на самитот на ЕУ и барање грешката во најкус можен рок да се исправи, изразија вечерва пратениците во Европскиот парламент. Крајната десница и популистите го поддржуваат Макрон, пренесува „Дојче Веле“.

Северна Македонија вечерва доби речиси неподелена поддршка од најголемите политички групации во Европскиот парламент за почеток на преговорите со ЕУ. Повеќе пратеници остро го критикуваа ветото на Франција на самитот на ЕУ минатата недела и побараа итна промена на одлуката. Францускиот претседател Емануел Макрон сепак имаше и сојузници во Европскиот парламент кои ја поддржаа неговата одлука, иако веројатно ќе биде загрижен што таа доаѓаше единствено од неколку француски пратеници, како и од радикалната десница и популистичките партии како германската АфД и италијанската Северна Лига.
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од групата на Европската народна партија, ја осуди одлуката на Европскиот совет, но и се пожали на бавната имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Поддршка на ветото на францускиот претседател му дадоа неговите сонародници, Жордан Барела, Доминик Билд и Стефан Сежурне од групацијата Обнова на Европа.

Ана Бонфриско од италијанската Северна Лига, предупреди дека „во БиХ, Албанија и Косово мнозинското население се муслимани, додека во Македонија нивната бројка изнесува речиси 30 проценти“. Според неа, на такви земји не им е местото во ЕУ и побара да им се понудат алтернативи.
За резолуцијата; со која се искажува длабоко жалење поради блокадата на почетокот на преговорите со С. Македонија и Албанија на самитот на ЕУ, и од новата Европска комисија се бара веднаш да се зафати со темата за проширувањето; пратениците во Европскиот парламент ќе гласаат утре.

Треба да знаете
Последни објави