Search

Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберколоза и маларија собра над 14 милијарди долари

– Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека на конференцијата за Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија се собрани повеќе од 14 милијарди американски долари за следните три години.

Првично, собраните средства беа 13,92 милијарди американски долари. Макрон, кој е домаќин на меѓународна конференција во францускиот град Лион, сепак, вети дека ќе продолжи да работи кон целта од 14 милијарди американски долари што организацијата ја постави откако собра 12,2 милијарди долари на претходната конференција во 2016 година.

На дводневниот форум учествуваа 12 шефови на држави или влади, главно од африканските земји.

Американскиот Конгрес одобри вкупно 4,68 милијарди долари во текот на следните три години. Вашингтон и Париз се најголемите донатори.

Треба да знаете
Последни објави