Search

Глас за Македонија: За забранетиот протест против уставни промени ќе се жалиме во Уставиот суд

Во стилот на црна диктатура, во саботата на 15 декември, беше забранет уредно пријавен протест на движењето #Бојкотирам уставни промени, чија активна членка е Глас за Македонија, информираат во соопштение од оваа партија.

Од партијата чиј основач и водач е Солза Грчева истакнуваат дека со тоа било загрозено уставно гарантираното право на мирен протест.

„Изразуваме гнев кон црните орди кои решиле по секоја цена да го спречат народот да го изрази своето незадоволство од насилното менување на Уставот, промената на името на државата и од корумпираниот процес кој е во тек. Ние нема да дозволиме да бидеме замолчени во овие критични моменти. За овој противуставен акт кон граѓаните, ќе бидат поднесени кривични пријави, ќе поднесеме жалба до Уставиот суд, ќе бидат информирани сите амбасади и ОБСЕ. Ако треба ќе се жалиме и до судот во Стразбур“, стои во соопштението на партијата.

Од таму најавуваат дека протести допрва ќе има, со дозвола или без неа и повикуваат полицијата да се позанимава со секојдневните пукотници и мафијашки пресметки, а не, како што велат, со мирниот народ кој си ја бара правдата.

Треба да знаете
Последни објави