Search

Гигантска медуза забележана на брегот на Англија

Гигантска медуза била забележана на југозападниот брег на Англија. Станува збор за медуза голема 1,5 метар која нуркачи ја забележале на брегот на Корнвол.

„Никогаш не сум видела толку големa медуза.Видовме неколку помали медузи на прекрасен гребен во близина, а потоа се појави оваа огромна, убава медуза”, вели Лизи Дели, биолог која ја видела медузата во близина на Фалмут.

Според неа, пливањето со медузата било незаборавно искуство. Илјадници од овие суштества, меѓу кои и најголемата медуза, доаѓаат преку Атлантскиот Океан до топлата крајбрежна вода во западниот дел на Велика Британија секоја година и често се појавуваат на плажите во текот на мај и јуни.

Треба да знаете
Последни објави