Search

Германски полицајци привремено отстранети од работа поради ултрадесничарска пропаганда

Во германската провинција Северна Рајна – Вестфалија 29 полицајци се привремено отстранети од работа поради ултрадесничарска пропаганда.

На нивните мобилни телефони биле пронајдени фотографии од Адолф Хитлер, како и од гасни комори.
Полицајците се обвинети дека посетувале ултрадесничарски сајтови, на кои се споделуваат екстремистички содржини како свастики и други нацистички симболи забранети според германскиот Устав.

Германската полиција при вчерашниот претрес на 34 полициски станови и домови во Северна Рајна – Вестфалија открила вкупно 126 фајлови со криминална содржина, што се споделувале во пет групи на „ВацАп”. Една од тие групи постои од 2012 година, а другите што биле користени за размена на фајловви постојат од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави