Search

Германските компании масовно преминуваат на скратено работно време

Околу половина милион германски компании се пријавиле за владината програма за скратено работно време, пренесува „Ројтерс“.

Околу 470.00 компании се пријавиле за програмата во март, при што повеќето барања доаѓаат од секторите продажба и угостителство, објави сојузното Министерство за труд, јавува „Нова економија“.

Работата со скратено работно време е форма на државна помош што им овозможува на работодавците за време на економски пад да го намалат бројот на работни часови, за да ги задржат вработените на плата, и оваа форма има широка примена во индустријата.

„Ова значи дека милиони вработени ќе можат да ги задржат своите работни места“, рече секретарот за труд Хубертус Хајл. Тој не можеше да процени колку луѓе на крајот би се префрлиле на скратено работно време, но очекува дека тоа ќе биде „значително повеќе“ отколку за време на глобалната финансиска криза во 2009 година.

Треба да знаете
Последни објави