Search

Германскиот министер за здравство: Вакцината ќе ја добиеме можеби оваа есен

Германскиот министер за здравство Јенс Спан очекува дека вакцината за коронавирус може да биде готова во наредниот период, можеби уште во „наредните месеци“.

„Вакцината ќе ја добиеме побрзо од кога и да било во човечката историја затоа што сите дејствуваме и работиме заедно на иста цел“, рече Јенс Спан во интервју за јавниот сервис ЗДФ.

Тој рече дека смета на вакцината во наредниот период.

„Имаме многу индикации за успешни испитувања и тестови и затоа сум оптимист и верувам дека во наредните месеци, при што не сакам да се концентрирам на некој конкретен месец, но секако следната година ќе ја имаме вакцината на располагање“, рече Спан за утринската програма на ЗДФ.

Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ објави дека вакцината може да биде готова уште оваа есен, но веста подоцна беше повлечена.

Спан рече дека проблемот со веста дека Русија ја има вакцината е што нема доволно достапни податоци за тестирањата.

Министерката за наука Ања Карлицек изјави пред неколку дена дека е малку веројатно вакцината да биде широко користена пред средината на следната година.

Треба да знаете
Последни објави