Search

Германија ќе прифати до 500 малолетни бегалци, првите 50 следната недела

„Чартер летовите од Грција се очекуваат следната недела. Две недели по нивното пристигнување, децата ќе бидат ставени во карантин во сојузната покраина Долна Саксонија, по што ќе бидат префрлени во други покраини”, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи Хајко Маас претходно за РТЛ изјави дека во првата фаза во Германија треба да бидат донесени од 350 до 500 малолетни бегалци без придружба.
Владата на почетокот на март одлучи да прими вкупно 1.000 до 1.500 малолетни бегалци од прифатилиштата на грчките острови. 
Треба да знаете
Последни објави