Search

Германија се извини за поранешната дискриминација на хомосексуалците во војската

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер се извини за дискриминацијата на хомосексуалците кои служеле војска до промената на политиката во 2000 година.

Во студијата нарачана од Министерството за одбрана документирана е „систематската дискриминација“ во германската армија од 1955 година до почетокот на новиот милениум, и тоа во војската на поранешна Западна Германија и во војската на повторно обединетата Германија од 1990 година.

„Длабоко жалам за практиката на дискриминација на хомосексуалците во Бундесверот, што беше политика на тоа време“, изјави министерката за одбрана.

„Им се извинувам на оние кои страдаа поради тоа“, додаде таа.

Треба да знаете
Последни објави