Search

Генералното собрание на ОН не ја прифати руската резолуција за поддршка на Договорот за ракети со кус и среден дострел

Генералното собрание на ОН не ја усвои резолуцијата предложена од Русија за поддршка на Договорот за елиминирање на ракетите со среден и мал дострел, јави ТАСС.

За документот гласаа 43 земји, 46 беа против, а 78 се воздржаа.

Меѓу оние кои гласаа против се САД, земјите на ЕУ, Јапонија, Турција, Израел и Украина. Резолуцијата беше поддржана од Кина, седумте земји од Организацијата Договор за колективна безбедност, Иран, Сирија и земјите од Латинска Америка.

Главната идеја на рускиот документ е да се изрази поддршка за договорот како „еден од камен-темелниците на европската и меѓународната безбедност” и да се повикаат Русија и САД да продолжат ги консултациите за тој да биде зачуван

Треба да знаете
Последни објави