Search

Гевгеличанка ја тепала баба си, па нападнала полицајка

На 07.09.2019 во 12,00 часот во Полициска станица Гевгелија била приведена А.Р.(24) од Гевгелија, бидејќи нападнала полициска службеничка.

Полицајката интервенирала по пријава од Т.Р.(79) од Гевгелија дека истиот ден околу 10,00 часот неговата сопруга Р.Р.(72) од Гевгелија била физички нападната од нивната внука А.Р.

По целосно документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави