Search

Гвардиола остана без напаѓачи

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола загуби уште еден клучен играч откако стана јасно дека Габриел Жесус исто така е повреден и нема да игра најмалку 3 недели. Бразилецот се повреди на натпреварот против Вулверхемптон претходно оваа недела.

Веста за повредата на Хесус пристигна од Бразилската фудбалска федерација, која објави дека напаѓачот нема да биде достапен за натпреварите на Селесао против Боливија и Перу на 9 и 13 октомври. Отсуството на Хесус значи дека Гвардиола останува без централен напаѓач најмалку три натпревари – во Премиер лигата против Лестер и Лидс Јунајтед и пресметка против Барнли во Карабао Купот.

Причината е што другиот главен стрелец во тимот на „граѓаните” Серхио Агуеро се опоравува од повредата на коленото. Аргентинскиот голгетер се очекува да биде подготвен за игра најрано за 7 недели.

Така, единствениот чист централен напаѓач во тимот останува Лиам Делап. Во текот на неделата ирскиот фудбалер го започна својот прв професионален натпревар за „граѓаните” против Борнемаут за Карабао купот и дури даде гол.

Пеп Гвардиола се очекува да игра против Лестер во недела со лажна „деветка”, а најверојатно во оваа улога ќе биде Рахим Стирлинг.

Треба да знаете
Последни објави