Search

Гаши очекува промени кај албанскиот блок по изборите

На 12 април ќе имаме избори и тоа ќе да биде добар ден за сите, кога ќе изгрее ново сонце, особено кај Албанците, изјави лидерот на Алтернатива Африм Гаши по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно” на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

-Очекуваме дека по 12 април ќе треба да ги има долгоочекуваните промени, особено во албанскиот блок, и мислам дека тоа ќе биде добро за сите граѓани на државата, истакна Гаши.

Тој додаде дека неговата партија го прифатила датумот и очекува демократски и фер изборен процес.

Треба да знаете
Последни објави