Search

Гал Гадот потпиша осумцифрен договор да глуми во нов шпионски трилер

Со еден блокбастер серијал за суперхероина во рацете – Wonder Woman и претстојното продолжение Wonder Woman 1984 – „жената чудо“ Гал Гадот сега се сели во шпионска игра.

35-годишната израелска актерка го стави својот потпис за да глуми во новиот шпионски трилер „Срце од камен’, кој се очекува да има неколку продолженија, според порталот „Дедлајн“.

Наведениот осумцифрен договор што го потпиша за филмот ја сместува на врвот на листата најплатени актерки во Холивуд.

Иако не се откриени детали за приказната, некои медиуми шпекулираат дека проектот предвидува жена да биде главна хероина во шпионскиот жанр, во време кога главните ликови во најголемите франшизи како „Џејмс Бонд“ и „Невозможна мисија“ се мажи.

Треба да знаете
Последни објави