Search

Вo Велика Британија повеќе од 10 илјади лица починаа од коронавирусот

Во Англија, во последните 24 часа починаа 657 лица, со што се очекува вкупниот број на починати во Велика Британија од коронавирус да ја надмине бројката од 10.000, соопштија здравствените власти.

Со смртта на 657 лица во британските болници, бројката на вкупно починати се искачи на 9.875. Податоците од Националната здравствена служба не ги вклучуваат смртните случаи во Шкотска, Велс или Северна Ирска.

Додека опаѓа бројот на починати од вирусот во Италија и Шпанија, се зголемува загриженоста дека Велика Британија ќе стане земја со најмногу смртни случаи од вирусот во Европа.

Треба да знаете
Последни објави