Search

Вуќиќ не очекува дека на седницата на СБ во ОН дека нешто ќе се смени околу ситуацијата на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на утрешната редовна седница на Советот за безбедност во ОН, каде на дневен ред ќе се најде и ситуацијата во Косово изјави дека „ не верува оти нешто ќе се реши“.

-Што и да направат Албанците секогаш ќе имаат поддршка од „големата петторка“. Ние можеме да очекуваме поодршка од Русија и Кина и неколку помали земји, но тоа нема да ги смени работите на терен, изјави денеска Вучиќ.

Седницата на Советот за безбедност е редовна која се одржува на секои 6 месеци и на која се разгледува извештај за Косово. Извештајот ги покрива активностите на мисијата на ОН во Косово и ситуацијата во државата од 16 март до 15 септември годинава.

 

Треба да знаете
Последни објави