Search

Вујовиќ: Разочаран сум, не од резултатот туку од начинот на кој изгубивме

Вардар го претрпеа и петтиот пораз едноподруго во А групата од ракометната Лига на шампионите, овој пат на домашен терен од Пик Сегед (27-30). Вториот последователен пораз од унгарскиот тим за една недела донесе големо разочарување и кај тренерот Веселин Вујовиќ, кој на прес-конференцијата не ги криеше своите емоции.

-Многу сум разочаран. Но, не од резултатот и од поразот, туку од начинот на кој загубивме. Отворивме многу лошо, напаѓачки апсолутно не бевме ни близу, правевме почетнички грешки, Миклер тоа го решаваше и тие заминаа на голема разлика, која потоа само ја одржуваа. Едноставно, немавме расположени играчи, без оглед на се. Знаеме која е силата на Пик Сегед, тие во се моментов подобри, екипа се која може да игра на Ф4 и да ја освои ЛШ. Тие се еден проект, кој почна пред осум години, јас сум овде пет месеци и ќе биде тешко, изјави стратегот на црвено-црните.

 

Треба да знаете
Последни објави