Search

Вујовиќ: Вардар игра се подобро и мечот со Загреб може да го добие

Македонскиот повеќекратен и европски двократен шампион Вардар утре (20.24 ч.) во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите во рамките од 10. коло во групата А му гостува на хрватскиот ППД Загреб. Овој меч „црвено-црните“ го гледаат како шанса да ја прекинат серијата од шест последователни порази. Вардар по девет кола со пет бода, е шестопласиран во групата А, последната позиција која води во осминафиналето од нокаут-фазта, а Загреб е веднаш зад него со четири бода. Токму затоа овој натпреавр е од големо значење за Вардар бидејќи ќе му биде доведено во прашање учеството во нокаут фазата.

-Владее оптимизам и верба дека ќе го добиеме мечот со хрватскиот првак, базиран на добрата игра во Кил минатата недела и покрај поразот. Победа на ова гостување во Загреб би значела победнички крај на 2021 година и ветер во грб за преостанатите четири натпревари од фазата по групи, два од нив со противници кои се совладливи, вели Веселин Вујовиќ.

Вујови добро ги познава приликите во тимот на Загреб каде во периодот од 2014 до 2016 година седеше на клупата кај хрватскиот првак.

-Нѐ очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред Гојун, Муса, Чупиќ… Младите играчи навистина многу напредуваат, тука се Црнак, Радица, Вистороп… Ќе биде навистина тежок натпревар, доаѓаме и двата тима од некои позитивни ситуации, тие одиграа одлично во Монпелје, ние во Кил. Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во осминафиналето. Мислам дека Вардар ја подигна играта. Мислам дека Вардар се крена, дека Вардар игра добро и дека дојдовме до противници кои се, реално, близу нашиот квалитет, Загреб, Мешков, Елверум и дека во продолжението од сезоната ќе извлечеме добар резултат и ќе го ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда, изјави Вујовиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави