Search

Вулканот Попокатепетл исфрла чад во висина од еден километар

Вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа југоисточно од Мексико Сити, денеска исфрли чад и пепел во висина од еден километар, соопштија локалните власти.

Националниот центар за спречување на катастрофи (Ценапред) ги предупреди граѓаните да не одат во близина на вулканот, кој е опкружен со безбедносен прстен од 12 километри.

Попокатепетл неодамна покажа необично висока активност, соопшти Ценапред кој од вчера до денеска регистрирал повеќе од 100 ерупции на пареа и гас, како и двокилометарски столб од чад.

Еден од најактивните вулкани во Мексико, Попокатепетл, што на ацтечки значи „планина што се чади”, имал 15 големи ерупции од доаѓањето на шпанските освојувачи на почетокот од 16 век.

Треба да знаете
Последни објави