Search

Второлигашот ФК Кит-Го по првиот дел од сезоната ги задржува шансите за висок пласман

Со убедлива победа од 4:0 над екипата на Детонит, фудбалерите на пехчевски Кит-Го ги задржуваат шансите за висок пласман во втората фудбалска лига. Како што истакна тренерот Трајче Сенев, по убедливата победа во последното коло од есенскиот дел од првенството, екипата има реални шанси за висок пласман во пролетниот дел од сезоната.
-Пред почетокот на првенството целта ни беше да бидеме во горниот дел на табелата. Со освојувањето на четвртото место целта ни е остварена. Успехот е на сите фудбалери и нашиот главен поддржувач Кире Гогов, вели Сенев.
Сенев очекува со две до три засилувања во вториот дел од сезоната, екипата да дојде до второто место кое води во бараж натпреварите за влез во Првата фудбалска лига.
-За таа втора позиција конкуренти ни се Брегалница, Тиквеш и Кожуф, Борец веќе се одвои и како што стојат работите директно ќе влезе во Прва лига, така што со овие три екипи грчевито ќе водиме борба за влез во најквалитетниот ранг на натпреварување, вели Сенев.
Според планираното со цел подобри подготовки за пролетниот дел екипата на почетокот на следната година ќе одигра голем број на контролни натпревари со реномирани екипи како од земјава така и од странство
Треба да знаете
Последни објави