Search

Вториот бран поради непочитување на мерките, новозаразените во Скопје од 41 кластер

Овој втор бран е резултат на непочитување на мерките. Првиот бран успешно го контролиравме, но непочитувањето на рестриктивните мерки во периодот од 23 до 25 мај, точно пред две недели го предизвика овој втор бран. Вирусот е тука, мора да научиме да живееме со него, но и доследно да ги почитуваме универзалните мерки – маска, дезинфекција и физичка дистанца, изјави денеска Венко Филипче, министерот за здравство.

Сите пациенти, односно 65 проценти од новозаразените се поврзани од познат случај, а од нив 90 проценти спаѓаат во 41 кластер, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-Оваа бројка е резултат на тоа и ова беше очекувано. Извршивме таргетирано тестирање  за да дојдеме до рана дијагностика. Се покажа дека најголемиот број на заболени се лица кои присуствувале на семејни собири, изолирани се контактите на заболените. Полицискиот час викендов дозволи полесно и побрзо тестирање. Иницијалниот отпор за тестирање е сѐ помал. Епидемиолозите полесно пристапуваат и тестираат. Огромен дел од новодијагностицираните заразени лица се со лесна клиничка слика и асимптоматски. Непочитувањето на мерките нѐ доведе до овој нов бран. Полицискиот час за викендов дозволи многу полесен пристап и брзо тестирање, што беше отежнато во мнгоу случаи претходно, а позитивно е што и покрај оној иницијален отпор кој што го имаше на некои места сега има навистина подобра соработка со граѓаните – изјави Филипче.

Министерот вели дека огромен број од новодијагностицираните се со лесна клиничка слика или се асимптоматски и од вкупниот број на хоспитализирани во овој момент само осум пациенти се на механичка вентилација.

Комисијата за заразни болести денеска предложила враќање на дел од рестриктивните мерки, а Владата за ова ќе заседава утре кога треба да се одлучи за евентуално враќање на рестрикциите на движењето. Неофицијално, предлогот е враќање на полицискиот час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово од 22 до 5 часот.

Треба да знаете
Последни објави