Search

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

Вторпат во кариерата Австралијката Ешли Барти ја освои ВТА наградата за „тенисерка на годината”, додека Барбора Крејчикова од Чешка доби двојна награда – за „најдобра двојка на годината” во тандем со Катерина Синиакова, и „тенисерка со најголем напредок”.

Меѓу добитничките на годинешните награди на Женското тениско здружение (ВТА) се најдоа и сензационалната победничка на Ју-Ес Опен, Британката Ема Радукану, која е прогласена за „дебитантка на годината” и Шпанката Карла Суарез Наваро за „повратничка на годината”.

Ешли Барти наградата на ВТА првпат ја освои во 2019 година, а овој пат ја заслужи со тоа што трета сезона по ред заврши на врвот на ранг-листата и освои пет титули, вклучувајќи го и триумфот на Вимблдон.

Треба да знаете
Последни објави