Search

Врховните судии одржаа работна средба за новиот Деловник

Врховните судии одржаа тридневна работна средба во врска со новиот Предлог-деловник на Врховниот суд. По 23 години, Врховниот суд ќе донесе нов Деловник, акт со кој се уредуваат организацијата и работата на највисокиот суд во државата.

Судиите на Врховниот суд на работната средба имаа плодна дискусија на која разменија мислења за одредбите од Деловникот, а во насока на негово усогласување со новите законски решенија и реформски процеси.

Поконкретно, како што е објавено на веб страницата на Врховниот суд, со овој исклучително важен акт за работата на Судот, се уредува организацијата на Врховниот суд, начинот на работа на претседателот на Судот, судските совети, судските оддели, заедничката седница на судските оддели, седницата на судиите и општата седница.

Исто така, Деловникот има за цел да обезбеди законито, независно, непристрасно, ефикасно и навремено вршење на функцијата. Воедно, со Деловникот се обезбедува и непречено остварување на правата и обврските на странките, без оглед на нивната положба и својство.

Настанот посветен на новиот Деловник на Врховниот суд беше одржан со поддршка на Британската амбасада во Скопје преку Центарот за правни истражувања и анализи.

Треба да знаете
Последни објави