Search

Вработен во пошта во Битола украл 760.000 денари

Вработен во подружница на АД „Пошта на РС Македонија“ во Битола украл повеќе од 760.000 денари.

Според информациите од МВР, осомничениот Д.Ј.(33) од Битола во периодот од 8.06.2018 до 21.02.2019, во повеќе наврати, присвоил износ од 761.558 денари, кои што му биле доверени при извршувањето на работните обврски.

Против него е поднесена кривична пријава за проневера во службата.

Треба да знаете
Последни објави