Search

Вработени во осигурителна компанија парите за оштета ги земале за себе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Тетово и Н.А.(32) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“.

Во осигурителна компанија од Тетово, првопријавениот, вработен како менаџер на подружница и второпријавениот, вработен како застапник, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што истите влијаеле врз оштетените А.З., Е.З., Б.З. и В.Н. и ги измамиле да им потпишат полномошно за подигање на парични средства од нивните трансакциски сметки.

Од страна на првопријавениот, од три трансакциски сметки на тројца оштетени лица, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 680.000 денари, додека од страна на второпријавениот, од една трансакциска сметка на еден оштетен, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 400.000 денари, или вкупниот износ на подигнати средства изнесува 1.080.000 денари.

Подигнатите износи од пријавените лица не биле предадени на оштетените, освен во еден наврат кога првопријавениот му исплатил на оштетениот А.З. само 1.500 евра, од вкупно подигнатите 150.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави