Search

Вработените во Општина Аеродром го одбележаа Денот на гладот

Црвениот крст на Кисела Вода денеска спроведе бесплатен преглед на шеќер во крвта за вработените во Општина Аеродром. Прегледот беше организиран по повод Меѓународниот ден на гладот, 16 октомври, а за таа цел синдикатот на Општина Аеродром донираше финансиски средства на Црвениот крст на Кисела Вода. Меѓународниот ден на гладот во светот се одбележува за да се подигне свеста на луѓето за овој проблем, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со гладот и ги задоволуваат основните потреби.

Треба да знаете
Последни објави