Search

Во Њујорк расте бројот на заболени од Ковид-19

Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Њујорк, а последните 72 часа бројот на смртни случаи повеќе од двојно се зголеми и сега изнесува 1.941.

Првиот инфициран од новиот коронавирус е регистриран пред еден месец, кај здравствен работник, кој се вратил од Иран. Оттогаш бројот на заразени лица се искачи на 83.000 луѓе.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека повеќе од 12.000 лица се хоспитализирани. Тој додаде дека врвот на епидемијата се очекува да биде кон крајот на месецот.

Куомо изрази вознемиреност поради тоа што и покрај воведената мерка за физичка дистанца, луѓето се уште ги посетуваат игралиштата.

– Користете ги отворените простори во парковите, шетајте, фатете малку сонце. Без групирања, без натпревари, без блиски контакти, посочи Куомо.

Во градот Њујорк патролира полицијата и ги предупредува граѓаните да држат растојание едни од други.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио изјави дека се потребни пет милиони мески, 100.000 заштитна облека и повеќе од 3.000 респиратори до крајот на неделата.

Треба да знаете
Последни објави