Search

Во Јапонија стапи на сила законот за забрана за пушење

Во Јапонија денеска стапи на сила новиот закон кој забранува пушење во владини установи, училишта и болници, а слични правила во текот на следната година ќе бидат воведени и во угостителските објекти, канцелариите, железничките станици.

Според измените на Законот за промоција на здравјето, за пушачите кои ќе го прекршат законот, предвидена е казна до 300.000 јени (2.780 долари), а за раководителите на објектите и до 500.000 јени.

Законот им дозволува на пушачите да запалат цигара на отворен простор од објектите, под услов да е изолиран и наменет за таа цел.

Треба да знаете
Последни објави