Search

Во Ѓорче се запали куќа, двајца во болница

Во Ѓорче се запали куќа, двајца во болница

Пет минути пред полноќ во Скопје на улицата “Ѓорги Поп Христов“ настанал пожар на првиот кат од куќата на 72-годишниот С.С.

Според првичните наоди, најверојатно причина за пожарот е заборавен вклучен шпорет во кујната. Пожарот го забележале соседите од вториот кат Ф.M (20) и М. M(28), кои ја разбудиле и извадиле С.С. надвор.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита во 00.20 часот.

Заради вдишувањето поголемо количество чад, на Ф.М.и М.М.им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар-Мајка Тереза, по што се пуштени на домашно лекување.

Треба да знаете
Последни објави