Search

Во Штип второлигашка-куп пресметка под рефлектори

Денешното попладне на фудбалската сцена во Македонија е резервирано за првите четвртфинални натпревари од Купот на Македонија. реванш средбите се закажани за 4 март идната година.  Попладенево од 13 часот се играат три натпревари, а оследниот четврти во Штип ќе биде со почеток од 16.30 часот под рефлектори, каде силите ќе ги одмерат второлигашите Брегалница и Лабуништа. Според досегашните освоени титули, а не моменталниот пласман во првенствената трка, дерби натпревар треба да биде пресметката во Тетово, каде Шкендија го пречекува Работнички.
Скопските „романтичари“ во првенството се изненадувачки последнопласирани, па од таборот на тетовските „црвено-црни“ стаса најава дека можно е на овој натпреавр да настапат со комбиниран тим, за да ги сочуваат своите играчи за неделното првенствено дерби со лутиот ривал и првенствен лидер Вардар. Ваквиот приод кон денешниот меч може да биде шанса за Работнички конечно да ја прекинат црната серија од девет поседователни порази во првенствените или куп пресметки во  дуелите со актуелниот шампион – Шкендија.
Тетовскиот прволигаш есенва игра променливо, направи рокади на тренерската клупа каде сега на првото столче е Ернест Ѓока, под чие водство почнаа да се „будат“ и на последните два домашни дуели одиграа максимално ефикасно постигнувајќи дури десет голови.
Новиот прволигаш Струга ТЛ во оваа рунда ја пречекува Ренова. Стружани се во добар првенствен ритам. Пред своите гледачи ги совладаа фаворизираните Вардар и Шкендија, а ремизираа во гости со Академија Пандев и Македонија ЃП. Поради овие статистички показатели Струга ТЛ е фаворит на дуелот со Ренова, која има проблеми и се мачи да ја напушти опасната зона во првенството.
Бранителот на куп-титулата Академија Пандев ќе гостува на поправен во Чаир, каде пред една недела се сретнаа Шкупи и го загуби првенствениот дуел (3:1).

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 13 Ч
ТЕТОВО: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА: СТРУГА ТЛ – РЕНОВА
СКОПЈЕ: ШКУПИ – А. ПАНДЕВ
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – ЛАБУНИШТА (16:30 Ч)

Треба да знаете
Последни објави