Search

Во Штип акција за сузбивање нелегална сеча на дрва

Полициски службеници од СВР-Штип и Шумската полиција вчера во период од 12 до 23 часот имале организирана акција за сузбивање на нелегалната сеча на дрва во местото викано „Црн Врв” и место викано „Мутова Корија” атар на село Кошево.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека на овие две места пронајдени се четирипатнички возила и дабови огревни дрвакои неколку лица се обидувале да ги товаратно откако гизабележале полициските службеници побегнале.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, вели Панајотова.

Четирите возила што се пронајдени на лице место се всушност хаварисани возила, без регистерски таблички, што можат да се забележат во неколку населби низ градот Штип. Во кои препродавачи со марами на лицето нудат огревно дрво на граѓаните низ населбите.

Треба да знаете
Последни објави