Search

Во штипскиот регион одѕивот до 18:30 часот е 56,03 отсто

Избирачките места се затворени, а оценката на членовите на Општинската изборна комисија – Штип е дека граѓаните имаа мирен изборен ден. Во штипскиот регион до 18:30 часот во вториот круг на претседателските избори се бележи излезеност од 56,03 отсто.

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип Сенка Андреева вели дека во споредба со првиот круг излезеноста е зголемена за 7,13 отсто.

Според Андреева на 77 избирачки места своето право на глас во поголем број го искористиле мажите или гласале вкупно 11.734, додека жени гласале 11.644. Вкупниот број на гласачи кои го искористиле своето право на глас во штипскиот регион изнесува 23.378 избирачи.

По 19:00 часот  се очекува да пристигнат и првите гласачки кутии, од селата, каде што бројот на гласачите е над 10. Во Штип вчера гласаа 93 болни и изнемоштени лица и 169 осуденици во Затвор Штип од 42 општини.

Треба да знаете
Последни објави