Search

Во Шкотска од 10 јули задолжително носење маски во продавници

Премиерот на Шкотска, Никола Стерџон најави дека во земјата од 10 јули ќе биде задолжително да се носат маски во продавниците, додека ограничувањата за патување за забава и одмор и мерките за физичко растојание ќе бидат олеснети во одредени случаи.

Мерките за физичко растојание ќе останат во сила, а исклучоци ќе бидат дозволени во одредени сектори, како што е угостителството, и тоа од крајот на следната недела.

Покрај тоа, од ова правило ќе бидат ослободени и децата под 11-годишна возраст кога се на отворено. Младите на возраст од 12-17 години сепак ќе треба да почитуваат растојание од два метра, но сега ќе можат да се соберат надвор во групи до осум луѓе, што е повеќе отколку што беше дозволено претходно.

Ограничувањата за патувања за забава и рекреација исто така се олеснети, така што граѓаните ќе можат да ги посетат местата на оддалеченост од повеќе од осум километри, освен во одредени области каде е забележано зголемување на бројот на заразени лица

Треба да знаете
Последни објави