Search

Во Чешка обвинение против 58 лица поради шверц на кокаин и хероин

Чешката полиција обвини 58 лица за помагање на меѓународна криминална група при шверц на големи количини на кокаин и хероин во вредност од 90 милиони долари, во Австралија и Нов Зеланд.

Криминалната група функционирала на четири континенти, а во Чешка регрутирала курири за транспорт на дрога вредна 2,1 милијарди чешки круни од земји кои биле во близина на местото на производство, соопшти полицијата.

Чешката полиција ја спроведе операцијата во соработка со колеги од САД и Австралија.

Четворица курири се уапсени во Австралија и веќе се осудени на казна затвор меѓу седум и девет години, пренесе „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави