Search

Во Чаир пристигнува „руски џин“

Во Чаир пристигнува „руски џин“ кој во новата сезона ќе го предовди нападот на македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи. Денеска преку социјалните мрежи чаирчани го промовираа напаѓачот Џамал Дибиргаџиев. Потпишувањето на тригодишниот договор со новиот напаѓач раководството на чирчани го направило во Истанбул.

Рускиот џин има 192 сантиментри и се очекува да биде квалитетно засилување во нападот на чаирчани, а претходно го носеше дресот на Черноморец, Анжи и Фатима.

Дибиргаџиев ќе пристигне во Скопје во текот на утрешниот ден, по што веднаш ќе му биде ставен на располагање на тренерот на Шкупи.

Шкупи во претходниот период се засили со неколку фудбалери, меѓу кои и Фират Гулу од Галатасарај и Антонио Алварез Родригез од Костарика.

 

Треба да знаете
Последни објави