Search

Во Хрватска починаа уште осум лица заразени со коронавирус

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се евидентирани 39 нови случаи на коронавирус, со што бројот на заболени се искачи на 1.871.

Од вчера починаа осум пациенти од кои сите имаа тешки хронични болести. Шестмина од нив биле на респиратор.

Вкупно 47 лица починале од почетокот на епидемијата, јавуваат хрватските медиуми.

Од вчера, тестирани се 2.539 примероци, што претставува значителен пораст во однос на претходните денови, рече министерот за здравство Вили Берос.

Треба да знаете
Последни објави