Search

Во Хрватска меѓу заразените од коронавирусот има и четиримесечно бебе

Во Хрватска се потврдени три нови смртни случаи, а вкупниот број на новорегистирани инфицирани лица од коронавирусот е 56 со што вкупната бројка се искачи на 1.182. Со овие бројки луѓето задолжени за заштита на населението сметаат дека е здржана линераната епидемиолошка линија во борбата со коронавирусот од кој во светот досега има починато повеќе од 66.000 лица.

Во Задар, Дубровник и Осиек во последните 24 часа се забележени по еден смнртен случај, па вкупниот врој на умерни во Хрватска се искачи на 15 лица. Сите тие биле со проблеми од хронични болести и во поодминати години од животот.

Меѓу заразените во Хрватска има и 26 деца на возраст до 10 години како и 33 од 10 до 20 години. Вирусот е потврден и кај 143 лица постари од 70 години, а најголемиот број на заразени се лица на взраст меѓу 50 и 60 години. Според директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак има инфицирано и едно четиримесечно бебе кое е заразено од неговата мајка, но нивната здравствена сотојба засега е без симптоми и се под постојан лекарски надзор.

 

 

Треба да знаете
Последни објави