Search

Во Холандија втор ден по ред рекорден број на новозаразени со коронавирусот

Во Холандија денеска се регистрирани речиси 8.000 нови случаи на заразени со коронавирусот.

Втор ден по ред се регистрира рекорден број на пациенти, соопшти Националниот институт за јавно здравје додавајќи дека денеска има 7.984, а вчера дневниот пораст на заразени бил 7.791.

Во Холандија, според сајтот Ворлометар, бројот на заразени почна да се намалува кон крајот на мај, а на почетокот на август повторно почна да расте.

Од последниот пресек починале уште 16 лица.

Од почетокот на епидемијата се заразени вкупно 211.938 лица, а 6.708 починале.

Треба да знаете
Последни објави