Search

Во судир на два авиони во Ајдахо загинаа осум луѓе меѓу кои три деца

Два туристички авиони со осум патници и членови на екипаж се судрија над езеро во американската сојузна држава Ајдахо и потоа потонале на дното од езерото. Според информациите, несреќата најверојатно никој не ја преживеал.

Три тела се извлечени од езерото, а за останатите се уште се трага.

„Првите информации говорат дека се работи за осум патници и членови на екипаж. Проценуваме дека нема преживеани“ се наведува во изјавата на шерифот на округот Кутенај.

Остатоците од авионите потонале на длабочина од 40 метри, каде се лоцирани со помош на сонар.

Што довело до судир на авионите засега не е познато, а тоа ќе го утврди истрагата.

Медиумите пренесуваат дека меѓу патниците имало и три деца.

Треба да знаете
Последни објави