Search

Во судирите во Јужан Судан убиени над 300 лица

Најмалку 300 луѓе се убиени во новите судири меѓу заедниците во Јужен Судан, соопштија денеска официјалните лица.

Десетици куќи се уништени во судирите, а исто така, ограбени се и магацини на хуманитарни организации, и киднапирани се жени и добиток, јавува Би Би Си.

Меѓу убиените имало тројца хуманитарни работници.

Најновите судири избувнаа во саботата меѓу пасторалистите, кои претежно се одгледувачи на добиток и земјоделците на североистокот на земјата.

Иако договорот за ставање крај на шестгодишната граѓанска војна беше потпишан во февруари, помали судири избувнаа спорадично, при што, од тогаш до мај, загинаа околу 800 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави