Search

Во Србија 245 заразени лица од коронавирусот

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 6.428 лица за коронавирус, од кои 245 биле позитивни. Едно лице починало и вкупнната бројка сега изнесува 768 пациенти кои ја загубиле битката со коронавирусот. На респиратори се приклучени 22 пациенти.

Хоспитализирани се 80 пациенти, што е најголем број од 2 септември.

Изразено во проценти, во споредба со испитаните, 3,81 проценти биле заразени.

Досега се тестирани вкупно 1.213.404 лица, а 35.251 биле позитивни.

Кризниот штаб апелира на почитување на мерките, пред сè на носење маски затоа што сегашната состојба не оди во вистинската насока.

Три земји во регионот го соборија рекордот по бројот на нови случаи денес. Хрватска пријави уште 748 заразени, Словенија 707 и Босна и Херцеговина 476.

Црна Гора сè уште е на прво место според бројот на активно заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители и има најмногу заразени на милион жители.

Треба да знаете
Последни објави