Search

Во Србија од 2021 година нема да се возат автомобили без катализатор

Во Србија од 2021 година нема да можат да се возат автомобилите кои нема да имаат катализатор во системот за издувни гасови. При техничкиот преглед од летото во 2021 година автомобилите без катализатор нема да можат да бидат регистирани, а со тоа и да се движат во патиштата кај северниот сосед.

Катализаторите се неизбежен  дел од системот за издувни гасови на возилата произведени во последните десет години. Оваа мерка Србија ја воведува според пропишаните еколошки стандарди за составот на издувните гасови што возилата мора да ги исполнат. Катализаторот е најефективниот метод за отстранување на штетните гасови, а нивната ефикасност е околу 90 проценти.

Во мај 2020 година, српските власти ќе донеста законска одредба со која ќе се санкционира пречекорување на дозволено ниво на издувни гасови, а истата ќе почне да се применува од 5 јули 2021 година, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Треба да знаете
Последни објави