Search

Во Србија нема нови заразени со коронавирус, досега се тестирани 91 лице

Во Србија нема нови случаи со новиот коронавирус, се наведува на сајтот „covid19.rs”. на Министерството за здравство.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, досега вкупно 91 лице е тестирано во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак.
Единственото заразено лице во Србија е 43-годишниот пациент од Бачка Топола, кај кого во Суботица на 6 март е регистриран вирусот Ковид 19. Тој е сместен во Клиничкиот центар на Војводина и се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Во Бачка Топола седум медицински лица, една лекарка, техничар, три медицински сестри и двајца лаборанти се во изолација заради контакт со заразеното лице.

Се уште е во сила соопштението на Министерството за надворешни работи од 24 февруари во кое се повикуваат српските државјани да не патуваат во оние области кои италијанската влада ги утврди како критични.

На крузерот „Гранд принсес” во близина на Сан Франциско, на кој од 3.400 лица е потврдено дека 21 лице се заразени со вирусот, се наоѓа и еден српски државјанин, член на екипажот, кој е заразен со овој Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави