Search

Во сообраќајката кај Пуста Кула возило удрило во камион, повредената жена во тешка состојба

Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи утрово кај Пуста Кула.

Како што велат за МИА од Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје, жената била донесена во кома. Направено и е компјутерско снимање и се преземаат мерки за санирање на нејзината состојба.

МИА дознава дека жената била во возилото со уште двајцата повредени, таткото и десетгодишна ќерка кои по несреќата се пренесени во велешката Општа болница. Возилото, според првичните сознанија, директно удрило во камион.Девојчето здобило нагмечувања на телото и заедно со таткото се задржани на опсервација.

СВР Велес ги утврдува причините за сообраќајката во која беа вклучени шест возила и има тројца повредени.

Треба да знаете
Последни објави