Search

Во Словенија задолжително носење маски и на отворено ако нема дистанца

Во Словенија од денска е задолжително носењето заштитини маски и на отворено во случаи кога е невозможно да се држи физичка дистанца од најмалку два метра.

Таквата мерка е донесена синоќа од Владата со цел да се сузбие епидемијата на новиот коронавирус.

Носењето заштитни маски во затворен простор е задолжително уште од пролетта.

Досега во училиштата се носеа маски само во заедничките зони, а сега учениците и наставниците од повисоките одделенија ќе мора да носат заштитни маски во текот на целиот престој во училиштата ако не постои можност за физичка дистанца.

Треба да знаете
Последни објави